вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 82
home Останати спортови

Олимпијците во Токио ќе се тестираат на Ковид 19 на сeкои 96 до 120 часа

Олимпијците во Токио ќе се тестираат на Ковид 19 на сeкои 96 до 120 часа

Спортистите кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио ќе мораат да приложат негативен корона тест направен најмалку 72 часа пред пристигнувањето во Јапонија и ќе бидат тестирани на коронавирус на секои 96 до 120 часа за време на Игрите.

Во извештајот што денеска го објавија организаторите на ОИ, се наведува дека центарот за тестирање ќе биде лоциран во Олимпиското село каде ќе бидат сместени околу 15.000 спортисти.

Во моментов, за сите кои влегуваат во Јапонија е задолжителен 14-дневен карантин, но спортистите и персоналот задолжен за организација на Олимпијадата ќе бидат изземени од ова ограничување.

Летните Олимпински игри во јапонската престолнина треба да бидат отворени на 23 јули, откако годинава беа одложени поради светската пандемија на коронавирус.

Коронавирус