вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Останати спортови

ОИ: Шпанија пресилна за Хрватска

ОИ: Шпанија пресилна за Хрватска

Шпанската ватерполо репрезентација единствена со максимални пет победи влегува во елиминационата фаза на олимискиот турнир, а непоразена покрај фуријата е само уште Грција.

Во последното дерби од групната фаза Шпанија ја надигра Хрватска со 8-4 (2-1, 1-0, 4-2, 1-1) и го освои првото место во групата, па во четвртфиналето ќе се сретне со селекцијата на САД.

Противник на Хрватска во четвртфиналето ќе биде унгарската селекција. До крајот на групната фаза на машкиот ватерполо турнир ќе бидат одиграни уште натпреварите: Јапонија – Јужна африка и Австралија – Казахстан.

Коронавирус