сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Опоменат тренерот кој и удри две шлаканици на џудистката, а нејзниот одговор ќе ве шокира

ОИ: Опоменат тренерот кој и удри две шлаканици на џудистката, а нејзниот одговор ќе ве шокира

Светската федерација во џудо (ИЈФ) официјално денеска му изрече опомена на тренерот на германската репрезентација Клаудио Пусо, еден ден откако и удри две шлаканица на џудистката Мартина Трајдос пред нејзината борба на Олимписките игри во Токио.

Германската џудистка, која ја освои европската титула во 2015 година, се обиде да го одбрани својот тренер образложувајќи оти самата побарала шлаканица со цел да се „релаксира“, но ИЈФ посочи оти не е задоволна од објаснувањето.

– Џудото е едукативен спорт и како таков не може да толерира такво однесување, соопшти ИЈФ.

Трајдос, која го загуби вчерашниот натпревар на Олимпијадата, подоцна на својот Инстаграм профил напиша „Веројатно не беше доволно силно“, алудирајќи на шлаканиците од нејзиниот тренер.

Коронавирус