петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Нови 16 заразени со коронавирус, ниту еден од нив не е олимпиец

ОИ: Нови 16 заразени со коронавирус, ниту еден од нив не е олимпиец

Организаторите на Олимписките игри во Токио денеска пријавија 16 нови случаи на коронавирус, но меѓу новозаразените нема ниту еден спортист.

Ова е првпат во последните четири денови без регистриран случај на заразен со Ковид-19 меѓу олимписките спортисти, пренесуваат јапонските медиуми.

Од новозаразените, деветмина се дистрибутери, четворица службеници, двајца новинари и еден волонтер, прецизираа организаторите, додавајќи оти никој од нив не престојувал во олимпиското село.

Досега на Олимписките игри се регистрирани вкупно 169 случаи на заразени со коронавирус, од кои 19 спортисти.

Коронавирус