вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 163
home Останати спортови

ОФИЦИЈАЛНО: Ф1 трката за ГН на Бахреин без публика

ОФИЦИЈАЛНО: Ф1 трката за ГН на Бахреин без публика

Трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин ќе биде одржана без публика, поради опасност од ширење на коронавирусот, соопштија организаторите.

Како што пренесува „Ројтерс“, во соопштението на организаторите пишува дека за ваков чекор се решиле поради масовното ширење на смртоноскиот вирус ширум светот, а со тоа би ги заштитиле и навивачите и самите натпреварувачи.

„Во договор со повеќе организации кои се грижат за здравјето на луѓето донесовме одлука трката да се одржи без публика. Безбедноста на фановите ни е на првото место“, меѓу другото се вели во соопштението.

Сезоната во Формула 1 започнува следната недела со трката за Големата награда на Австралија, додека трката во Бахреин е закажана за на 22 март.

Поради епидемијата на коронавирусот во поголемиот дел од Европа, веќе подолг период се игра без публика, а во Италија поголем дел од натпреварите се одложуваат, а две седмици пред празни трибини се игра и во Македонија.

Коронавирус