недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Останати спортови

Одржано Државно првенство во едрење

Одржано Државно првенство во едрење

Во организација едриличарските клубови Развигор 103 – Скопје и Снегар – Струга, викендот во Струга се одржа Државно првенство во виндсурф – едрење на даска.

– Временските услови не дозволија поголемо присуство на сите активни едриличари на даска да се приклучат на ова првенство, но затоа пак најискусните едриличари не отстапија и по намалување на брзината на ветерот од 5 – 8 чвора остварија неколку трки и забележаа одлични резултати, соопштија од клубот Развигор 103.

Севкупен победник е Петар Ивановски од ЕК Пеликан, второто место го освои Зоран Митрески од ЕК Развигор, додека трет е Бојан Ивановски од ЕК Пеликан.