недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 97
home Останати спортови

Одлука која нема да ви се допадне: Нема повеќе згодни девојки на Формула 1

Многумина сметаат дека овој потег ќе придонесе за дополнително намалување на популарноста на Ф1.
Одлука која нема да ви се допадне: Нема повеќе згодни девојки на Формула 1

Првите луѓе на Формула 1 се одлучија за ново правило кое стапува на сила од оваа година и кое можеби нема да им се допадне на учесниците.

Имено, од оваа година нема да ги гледаме девојките кои на секоја трка стојат пред возилата, т.н „грид“.

Организаторите се одлучија на ваков потег бидејќи сметаат дека ова повеќе не е во складот со друштвните норми.

-Додека праксата на „грид“ девојки стана заштитен знак на Формула 1 во претходните децении, мислиме дека ова повеќе не е во скалд со нашиот бренд и очигледно е спротивно со модерните друштвени норми, изјави Шон Бречес, директорот на комерецијалните операции на Ф1.

„Грид“ девојките во главно спонзорираа некој од произведувачите, држеа чадори или табли со имињата на возачите.

Многумина сметаат дека овој потег ќе придонесе за дополнително намалување на популарноста на Ф1.

Коронавирус