четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 4
home Останати спортови

Одличната тактика му донесе триумф на Луис Хамилтон

Одличната тактика му донесе триумф на Луис Хамилтон

Британецот Луис Хамилтон повторно беше најбрз на трка од Формула 1, а шампионот и неговиот тим од Мерцедес имаа одлилна тактика која му донесе триумф во Барселона. Големата награда на Шпанија почна со напад на Макс Ферстапен, кој успеа да приреди подвиг и на стартот да го мине Хамилтон, кој ја имаше пол-позицијата.

Холанѓанецот потоа долго беше лидер, на 23 круга до крајот имаше 23 секунди предност, но не издржа. На шест круга до крајот на трката, Хамилтон чесно го мина големиот ривал и успеа да победи по 98. пат во кариерата.

Шампионот имаше одличен викенд во Барселона, а успеа по јубилеен 100. пат да ја освои пол-позицијата. Ферстапен мина како втор низ целта, пред клупскиот колега на Хамилтон, Валери Ботас, кој беше третопласиран во Барселона.

ЕУРО 2020

Македонија