среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Останати спортови

Одбојкарскта машка репрезентација доби нов селектор – на местото на Матијашевиќ доаѓа Душко Николиќ

Одбојкарскта машка репрезентација доби нов селектор – на местото на Матијашевиќ доаѓа Душко Николиќ

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да биде прекината соработката со селекторот на машката А-репрезентацијата Никола Матијашевиќ и на негово место го постави Душко Николиќ.

– Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да ги промени селекторите на машката сениорска и на женската репрезентација за одбојкарки до 19 години. По анализата на настапите и на резултатите во Европската сребрена лига 2021, во којашто македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ, објави ОФМ.

Токму Николиќ ќе ја води македонската репрезентација на претстојното Европско првенство во Финска.

– Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити. Промена има и кај јуниорките коишто се подготвуваат за Европското првенство наредната година кај нас. Извршниот одбор на ОФМ го разреши српскиот стратег Ненад Михајловиќ, кој го почна процесот на формирање на репрезентацијата за одбојкарки до 19 години, но немаше соодветни резултати на неколку подготвителни турнири. За наследникот на Михајловиќ Извршниот одбор ќе решава дополнително, стои во информацијата на Одбојкарската федерација на Македонија.

Коронавирус