четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 100
home Останати спортови

Одбојкарите по втор пат ќе играат на Европското првество

Одбојкарите по втор пат ќе играат на Европското првество

Одбојкарската репрезентација на Македонија во последниот натпревар од квалификацискиот турнир ја совлада фаворизираната Турција со 3:1 (25:19,21:25,25:23,25:18)во сетови и сигурно си обезбеди пласман на Европското првенство.

Тоа што го најавуваа изминатите денови, одбојкарите го исполнија и по втор пат ќе бидат дел од Европското првенство кое годинава ќе се игра во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Македонија без разлика што квалификациите се уште не се завршени, некои турнири не се започнати, но пласман на континенталниот собир освен првопласираните пласман на ЕП обезбедуваат и петте најдобро второпласирани селекции и одбојкарите се меѓу нив.
Македонија има подобар сет количник од Шпанија која веќе го заврши настапот, а ќе има подобар сет количник и од Австрија и сигурни ќе биде меѓу петте најдобри второпласирани репрезентации.

Првиот сет избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ го одиграа фантастично, не дозволија да профункционира турскиот блок, и постојано имаа контрола на резултатот. Кон средината на сетот направија серија од 6:0 со која поведоа со 18:11 и практично ги решија дилемите во првиот сет. Блокот функционираше бескпрекорно, а за нападот противникот немаше решение.

Вториот сет започна со целосна доминација на Турците, поведоа со 0:3, а потоа и со 1:8, но потоа повторно се разиграа нашите одбојкари и поен по поен полека ја намалуваа предноста, највеќе благодарение на расположениот Љафтов. Токму благодарение на Љафтов се врати резултатската неизвеност во сетот и прво дојдовме до израмнување на 15:15, а потоа и на 16:16. Потоа се играше поен за поен се додека противникот не направи предност од два поени 18:20 и предноста ја задржа со крајот за триумф од 21:25.

Третиот сет помина во израмнета игра, најголемото водство за Турција изнесуваше 12:16, додека за нашата репрезентација тоа беше два поени и тоа најважните, оние последните за 25:23.

Откако дојдоа на сет со пласман на Европското првенство, одбојкарите во четвртиот сет одлично започнаа, дојдоа до 10:5 и водството не го испуштија до крајот и со 25:18 го освоија четвриот сет за конечен триумф над фаворитот Турција што значи пласман на Европското првенство.

Коронавирус