четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 6
home Останати спортови

Одбојкарите на нашата репрезентација поразени од Србија

Одбојкарите на нашата репрезентација поразени од Србија

Машката одбојкарска репрезентација со пораз од Србија со 1-3 во сетови (19-25, 20-25, 18-25, 25-21) ги отвори подготовките за настапот во Сребрената европска лига.

„Орлите“ беа далеку поквалитетен тим на хартија и заслужено се радуваат на триумфот. Ги добија првите три сета, а потоа двете репрезентации по заеднички договор одиграа уште еден сет и тој ѝ припадна на Македонија.

Најдобар кај Македонија беше Никола Ѓорѓиев со 14 поени, пред Владо Милев со девет поени, исто толку имаше и Александар Љафтов, додека кај Србите, Павле Периќ заврши со 25 поени.

Нашиот национален тим го чека уште еден контролен меч против Србија, но овој пат против Б-тимот меч кој е закажан во петок со почеток од 19:00 часот.

ЕУРО 2020

Македонија