среда, 28. јули 2021. Вести денес: 112
home Останати спортови

Одбојкарите на Џио Струмица се втори финалисти во машкиот одбојкарски Куп

Одбојкарите на Џио Струмица се втори финалисти во машкиот одбојкарски Куп

Одбојкарите на Џио Струмица се вториот финалист во одбојкарскиот Куп на Македонија.

Најдобриот тим во лигата оваа сезона, славеше во три сета препуштајќи им на противниците максимум 17 поени во вториот сет.

Џио Струмица доминираше уште на стартот, па “црвено-црните” во првиот сет стигна само до 14 поени.

По 17-те освоени поени во вториот, Вардар во третиот сет стигна до 16 поени, со што струмичани дојдоа до победата која ги носи во неделното финале.

Во недела од 18 часот во салата “Парк” во финалето ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово.

Коронавирус