сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 62
home Останати спортови

Одбојкарите ќе настапат пред публика во салата

Одбојкарите ќе настапат пред публика во салата

Примерот на враќањето на фановите на фудбалските борилишта наиде на позитивни вибрации и наскоро со присуство на гледачи своите натпревари ќе ги играат и одбојкарите. Владата даде „зелено светло“ за присуство на гледачи во спортската сала „Парк’“ во Струмица на завршниот турнир од Европската сребрена лига.

На турнирот на кој ќе настапат Македонија, Данска, Хрватска и Унгарија дозволено ќе биде присуство на 30% од капацитетот а меѓу присутните задолжителна е социјална дистанца. Македонските одбојкари може да ја очекуваат поддршката од публиката во походот за ново финале од ова натпреварување, но и освојување на златните одличја.

По одличниот настап во Шлагелсе во Данска, в сабота на завршниот турнир на Европската сребрена лига со почеток во 17:00 часот, македонската репрезентација ќе се соочи со Хрватска и со евентуална победа ќе се бори за златото против подобриот од дуелот меѓу Унгарија и Данска.

ЕУРО 2020

Македонија