петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Останати спортови

ОЧЕКУВАНО: Хамилтон победник на денешната трка од Формула 1

ОЧЕКУВАНО: Хамилтон победник на денешната трка од Формула 1

Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Голeмата награда на Португалија.

Второто место му припадна на Холанѓанецот од Ред Бул, Марк Верстапен, додека трет беше другиот тркач на Мерцедес, Валтери Ботас.

За Хамилтон ова беше 97 победа во кариерата и втора во тековната сезона.

По три трки од почетокот на шампионатот, во Генералниот поредок води Хамилтон со 69 бодови, пред Верстапен кој собра 61.

Во конкуренција на конструктори, Мерцедес е лидер со 101, пред Ред Бул со 83.

Следната трка во Формула 1 ќе се вози следниот викенд во Шпанија. (МИА)

Коронавирус