четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Објави хорор фотографии: На 28 години мора да ја заврши кариерата!

Објави хорор фотографии: На 28 години мора да ја заврши кариерата!

Репрезентативецот на Велика Британија во хокеј на трева, Семи Вард, е принуден предвреме да ја заврши кариерата откако го изгуби видот на едното око.

Овој 28-годишнен играч доби стравичен удар во лице во текот на олимпискиот квалификациски турнир и победата над Малезија на 3. ноември.

Вард постигна два гола на тој натпревар и и помогна на Велика Британија да обезбеди настап на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Но, исто така и претрпе хорор повреда и скршеница на лицето.

За време на својата репрезентативна кариера постигна 72 голови на 126 натпревари. Своето деби во националниот тим го имаше во 2014 година. Тој играше за Велика Британија на Олимпијадата 2016 година во Рио, а воедно ја освои бронзата на Европските првенства во 2017 и 2018 година.

Коронавирус