сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 118
home Останати спортови

Нуров го дозна патот кон медал во Токио – тргнува против Хуштин од Белорусија

Нуров го дозна патот кон медал во Токио – тргнува против Хуштин од Белорусија

Откако Македонија веќе освои медал на ЛОИ во Токио со историското сребро на Дејан Георгиевски во таеквондо, вториот наш голем адут за медал, борачот Могамедгаџи Нуров денеска го дозна патот кон одличјата и тргнува во осминафиналната борба во категоријата до 97 килограми против Белорусинот Александар Хуштин.

Нуров ќе се бори на ЛОИ на 6 август и прв противник му е Хуштин во осминафиналната рунда. Ако го мине во четвртфиналето го чека подобриот од пресметката помеѓу Канаѓанецот Стин и Италијанецот Конједо, а во полуфиналето е можна пресметка со првиот фаворит за златото, „рускиот тенк“, Абдулрашид Садулаев.

Македонскиот борач со својот тренер и прв олимписки медалоносец за Македонија, Могамед Ибрагимов се подготвуваат во Владивосток за настапот на ЛОИ, на кои Нуров ќе се обиде да донесе втор медал.

Коронавирус