понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 42
home Останати спортови

Нурмагомедов се огласи по тешката казна: Разбудете ме кога сè ќе заврши (ФОТО)

Нурмагомедов се огласи по тешката казна: Разбудете ме кога сè ќе заврши (ФОТО)

Рускиот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, вчера доби жестока казна откако беше сослушан пред комисијата на Невада по инцидентите по натпреварот со Конор Мекгрегор. Хабиб, кој ја бранеше титулата на овој натпревар, беше казнет со парична казна од 500.000 долари со суспензија од дури девет месеци.

Во прилог на наведената парична казна, Хабиб ќе мора да му плати на адвокатот 200.000 американски долари и 50.000 за членовите на неговиот тим кои исто така извршија прекршоци.

Добрите вести за него е дека суспензијата може да се намали на шест месеци, ако се реши за општествено корисна работа.

По тој повод, борецот се огласи на „Инстаграм“ со зборовите: „Разбудете ме кога сè ќе заврши“, напиша Хабиб до фотографијата на која спие.

Инаку, неговиот противник во конкретниот натпревар, Конор Мекгрегор, исто така беше суспендиран, но шест месеци, со парична казна од 50.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

Разбудите меня, когда все это закончится. Wake me up, when it’s all over.

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on