понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 100
home Останати спортови

Нурмагомедов откри каква порака добил од МекГрегор додека го давел во кафезот: Таков човек не заслужува реванш!

Нурмагомедов откри каква порака добил од МекГрегор додека го давел во кафезот: Таков човек не заслужува реванш!

Хабиб Нурмагомедов денеска беше дел од УФЦ промоцијата во Лондон на која ја најави својата борба со Дастин Порие, соочување кое за разлика од вообичаените пресметки во Америка, ќе се одржи во Абу Даби на 7-ми септември.

За Нурмагомедов ова ќе биде прва борба по пауза од речиси цела година, или поточно по епската битка со Конор МекГрегор на која покрај тоа што го победи Ирецот во октагонот, следеше и жестока тепачка меѓу неговиот и противничкиот тим. На денешната промоција, Нурмагомедов беше запрашан дали планира да му овозможи реванш на Конор, а рускиот „орел“ со доста ироничен тон откри зошто поранешниот шампион не заслужува втора шанса.

– Во последните три години, тој има само една победа, и тоа во аматерски бокс. Објаснете ми како таков човек заслужува реванш? Кога го давев во кафезот, ме молеше „немој да ме убиеш“, а вие сакате на таков човек и борец да му овозможам втора шанса, – дрско порача Хабиб кој влегува како голем фаворит во битката со Дастин.