среда, 2. декември 2020. Вести денес: 6
home Останати спортови

Нурмагомедов, конечно, ги одреди ривалот и датумот за новата борба

Нурмагомедов, конечно, ги одреди ривалот и датумот за новата борба

Хабиб Нурмагомедов по бројни шпекулации конечно донесе одлука против кого ќе го брани појасот во лесна категорија во УФЦ, прифаќајќи борба против Тони Фергусон. Дагестанецот не го прифати барањето за реванш на Конор Мекгрегор, па наместо со него реши да влезе во октагонот против Тони Фергусон, борба закажана за 18 април во Бруклин.

Информацијата на твитер ја потврди и менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз, истакнувајќи дека Хабиб го ставил потписот на договорот за борбата.

Така, Нурмагомедов и Фергусон конечно ќе ги одмерат силите во октагонот, откако претходно поради повреди на двајцата борци нивните пресметки четири пати беа откажувани. Нурмагомедов се уште не знае за пораз во УФЦ, со скор од 28-0, додека Тони Фергусон се наоѓа во серија од 12 победи и вкупно има 25 победи и само три порази во кариерата.

Коронавирус