недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 39
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Останати спортови

Ново злато за Стаменковски од „Street Workout – World Cup 2019“ во Нови Сад

Ново злато за Стаменковски од „Street Workout – World Cup 2019“ во Нови Сад

Најуспешниот македонски натпреварувач во пауер-лифтинг, Бошко Стаменковски, со уште еден голем успех се враќа од меѓународните натпреварувања во различни спортски дисциплини во кои настапува. Каменичанецот Стаменковски учествуваше на Светскиот куп во Стрит-Воркаут (Street Workout) во Нови Сад, Р Србија, на кој освои златен и бронзен медал. Златото, како што информира Стаменковски, го освоил во дисциплината правење склекови.

-Бев најдобар на натпреварот за правење склекови, додека учествував и во дисциплината правење чучњеви, со 75 килограми сопствена тежина. Постигнатите резултати од тој натпревар ми го донесоа третото место, информира Стаменковски.

Овие медали се плод на макотрпна работа и напорни тренинзи со кои, како што додава, уште еднаш се потврдило старото правило, дека со напорна работа се постигнуваат добри резултати.

Настанот во Нови Сад го организираше Европската Стрит-Воркаут асоцијација, а на него учествуваа, најдобрите 100 натпреварувачи од неколку земји од Европа и светот.