сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 55
home Останати спортови

Ново чудо во Париз, полуфинале на Ролан Гарос за историјата

Ново чудо во Париз, полуфинале на Ролан Гарос за историјата

Аргентинската тенисерка Надја Подороска се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако по два сета ја совлада Украинката Елина Свитолина – 6: 2, 6: 4.

Подороска, која во моментов е 131. тенисерка во светот, за еден час и 20 минути стигна до победата над третата носителка.

Таа го одзеде сервисот на Свитолина осум пати и напиша историја во Париз.

Аргентинката е првата тенисерка која се пласирала во полуфиналето на Ролан Гарос од квалификациите. Во исто време, за прв пат во нејзината кариера се пласираше во полуфиналето на Гренд-слем турнир.

Подороска е само третиот квалификант во Опен ерата што се пласира во полуфиналето на еден од четирите најголеми турнири.

Во полуфиналето ќе игра против победничката од натпреварот помеѓу Италијанката Мартина Тревизан и Ига Швионтек (Полска). (МИА)

Коронавирус