недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Останати спортови

Нови три трки во Формула 1, отпаѓаат ГП на САД, Мексико, Бразил

Нови три трки во Формула 1, отпаѓаат ГП на САД, Мексико, Бразил

Шампионските трки во Формула 1 нема да се одржат оваа сезона во САД, Мексико и Бразил, поради ситуацијата со коронавирусот на американскиот континент.

Менаџментот на Формула 1 објави дека не сакаат да ризикуваат да одржат трки во тие земји, со оглед дека се меѓу државите со најлоша стапка на инфекција во светот.

Наместо овие три трки, ќе има три нови во Европа.

Тие ќе бидат организирани во германскиот Нирбургринг и во италијанската Имола, а Португалија ќе го направи своето деби во Формула 1 со трка на патеката Портимау.

Формула 1 сè уште не го подготвила целиот календар, но постои надеж дека ќе се одржат 16 трки.

Сега се вкупно 13 трки со Нирбургринг, Имола и Портимау, а се очекува да бидат додадени две трки во Бахреин и една во Абу Даби.

Коронавирус