вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 61
Во живо

ВО ЖИВО: Две прес – конференции на ВМРО-ДПМНЕ

home Останати спортови

Нови разногласија за реформите на Дејвис купот

Нови разногласија за реформите на Дејвис купот

Францускиот тенисер Жил Симон го обвини раководството на  Меѓународната тениска фередација (МТФ) дека го игнорира мислењето на Здружението на тенисери при донесувањето на одлуките.

Симон смета дека МТФ треба да има слух за играчите, но дека во реалноста се случува спротивното. Според него Федерацијата го игнорира мислењето на тенисерите кога станува збор за реформите во форматот на Дејвис купот.

– За жал ние немаме влијание врз плановите за реформа на Дејвис купот. Постојано сугерираме, но тоа не се одразува врз одлуките, истакна францускиот тенисер.

Според него долго се разговарало за промените во Купот и е свесен дека не постои универзално решение.

– Нема универзално решение, секогаш некој ќе биде незадоволен од промените. Да постоеше такво решение досега ќе го прифатевме, наведе Симон.

Гласањето за промената на форматот на Дејвис купот ќе се одржи во август, а со реформите се предвидува тој да добие рамка на Светски куп, при што најдобрите репрезентации ќе се собираат една недела во ноември во одреден град и ќе се борат за трофејот.

Реформите досега јавно ги поддржаа Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ.

(Mиа)

Коронавирус