четврток, 5. август 2021. Вести денес: 97
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ: Во текот на мечот слушав два гласа

Новак Ѓоковиќ: Во текот на мечот слушав два гласа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испиша тениска историја и стана првиот играч кој освоил најмалку две титули на секој од четирите грен слем турнири.

– Го победив Рафа после четири и пол часа борба на неговиот терен пред два дена, во саботата не тренирав, а сега го победив и Циципас. Знаев дека ќе игра добро и дека ќе почне агресивно. Тој беше подобар играч во одлучувачките моменти во првите два сета, а после вториот сет, го напуштив теренот и заминав во соблекувалната, исто како на мечот со Музети. Се вратив како друг играч, се освежив, успеав да направам брз брејк во третиот сет и после тоа почувствував дека му влегов во глава. Искрено, после негативата од 2:0, слушав два глава во мојата глава. Едниот ми велеше дека е готово, дека не можам да направам пресврт, а тој глас беше прилично гласен по загубениот втор сет. Тогаш почувствував дека треба да се посветам на другиот глас, реков дека можам да направам кам-бек, почнав да си повторувам на себе за да почнам да си верувам. Кога почна третиот сет, се чувствував многу подобро, а после тоа, немав никаков сомнеж дека можам до победа, – изјави Ѓоковиќ по мечот.

– Не отфрлам ништо, можно е такво сценарио. Патувањето кое го имам досега оваа сезона е фантастично. Остварив успеси за кои многумина мислеа дека се невозможни. Се е можно и се наоѓам во добра позиција за „златен слем“. Сепак, така беше и во 2016-та година, па загубив на Вимблдон во третата рунда. Сега има само две седмици до Вимблдон и тоа не е идеално за подготовка. Ќе се обидам да се прилагодам што е можно побрзо – изјави Ѓоковиќ.

Коронавирус