четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 145
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата: Лекарите ме измамија, ме спаси вербата на Јелена!

Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата: Лекарите ме измамија, ме спаси вербата на Јелена!

Популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ отворено зборува за сите лоши работи што му се случиле изминатава година ипол.

-Последните атоми на сила и жар ги извлеков на УС Опен пред две години, а единствената причина поради која продолжив да играм е тоа што Мареј фати залет и ми го загрози првото место во светот. Мојот проблем со лактот траеше две и пол години и јас постојано чувствував одредена болка, раскажа Ноле, додавајќи:

„Меѓутоа, во почеток на 2016 година почувствував дека болката ми оневозможува да го дадам својот максимум. Инаку, јас сум против таблети и апчиња, но во тие мигови, за да продолжам да играм на тоа ниво, одлучив да пијам лекови против болка. Сега, кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека тоа не беше исправна одлука за моето здравје, требаше да направам пауза. Сега не би постапил така. Тогаш ги посетив најдобрите ортопеди во Северна Америка и кај нас и сите ме советуваа дека операцијата не ми е потребна. Цел конзилиум донесе таква одлука, меѓутоа, болката се врати во почетокот на новата сезона и тогаш почна мојата фрустрација“, искрен е тенисерот.

Тој додаде дека во тие мигови најмногу му помогнала поддршката и разбирањето на неговата сопруга Јелена, како и нејзината верба дека операцијата нема да му ја наруши кариерата и дека ќе продолжи да игра како број 1… Така и беше…

 

View this post on Instagram

 

Blue skies, fresh air, and lots of love to go around ?

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Коронавирус