понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 99
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ се пласира во четврфиналето на Роланд Гарос

Новак Ѓоковиќ се пласира во четврфиналето на Роланд Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Роланд Гарос, откако успеа после 0-2 во сетови да се врати комплетно во мечот, па на крајот Италијанецот Лоренцо Мусети, 76-ти на АТП-листата го предаде мечот при водство на Србинот со 4-0 во гемови во петтиот сет.

Ѓоковиќ беше на раб на елиминација откако првите два сета ги загуби во два тајбрејка со 6-7, но потоа Србинот успеа да се издигне и да му препушти само еден гем во следните два сета на Италинаецот, победувајќи со 6-1, па со 6-0 за да израмни на 2-2 во сетови.

Во петтиот решавачки сет, Ѓоковиќ набрзина со два тајбрејка стигна до 4-0, по што Мусети не го ни доигра мечот, туку предаде при водство од 4-0 на најдобриот рекет, кога веќе беше јасно дека Ѓоковиќ ќе стигне до страшен пресврт за место меѓу најдобрите осум на вториот годинешен гренслем.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го чека нов Италијанец, Матео Беретини, кој е девети носител на турнирот.

ЕУРО 2020

Македонија