среда, 4. август 2021. Вести денес: 38
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ позитивен, ѕвездата има коронавирус!

Новак Ѓоковиќ позитивен, ѕвездата има коронавирус!

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ не остана имун на најновиот коронавирус кој беснее во светот и неговиот тест покажал дека тој е позитивен.

Ѓоковиќ беше организатор на „Адрија Тур“, турнир кој започна во Србија, а продолжи во Хрватска, но беше прекинат откако неколку од тенисерите беа позитивни на вирусот ковид-19.

Ноле беше во блиска врска со сите учесници, играше натпревари, беше во дискотека и слично, па позитивниот тест е очекуван.

Позитивна на ковид-19 е и неговата сопруга Јелена. Од учесниците на „Адрија Тур“, покрај Новак Ѓоковиќ, коронавирус потврдија Борна Чориќ, Григор Димитров и Виктор Троицки.

Коронавирус