Facebook / Novak Djokovic
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му даде поддршка на Аргентинецот Федерико Агустино Гомез, кој откри дека планирал да се самоубие.
Гомез во моментов се наоѓа на 135. место на АТП-листата, а преку социјалните мрежи откри дека има психички проблеми.
Ѓоковиќ реши да му испрати порака преку социјалните мрежи и да му даде поддршка на неговиот колега.
„Напред пријателе, секогаш има светло на крајот на тунелот“, напиша Ѓоковиќ.
