четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 29
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ е новиот тениски крал

Новак Ѓоковиќ е новиот тениски крал

Најдобриот српски тенисер и моментално првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ ќе влезе во историјата на ‘белиот спорт’ на 8-ми март оваа година.

Србинот тогаш ќе ја комплетира 311-та недела на чело на АТП листата и така ќе го сруши рекордот кој досега го држеше Роџер Федерер.

Ѓоковиќ во овој момент има 12.030 бодови, додека Надал е второпласиран со 9.850, па дури и Доминик Тимот би можел да го загрози со 9.125 поени.

Без оглед што не играл една година, рангирањето на Федерер е ‘замрзнато’ поради новите правила, па тој е на 5-то место и ќе се обиде дополнително да ја подобри таа позиција кога ќе се врати на терен на 8-ми март, токму на денот кога Ѓоковиќ ќе го престигне.

Ноле првпат на чело на АТП листата беше на 4-ти јули, 2011-та година.

ЕУРО 2020

Македонија