понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 140
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

„Новак Ѓоковиќ е модерниот Робин Худ пред кого треба сите да се поклонуваме“

„Новак Ѓоковиќ е модерниот Робин Худ пред кого треба сите да се поклонуваме“

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, деновиве ги минува во Марбелја, каде што утре ќе го прослави својот 33. роденден, што ќе му биде прва ваква прослава во Шпанија, каде што во последно време се чувствува како дома.

Колку што повеќе време минува во својот шпански дом, така Шпанците сѐ повеќе го прифаќаат како некој свој, поради што не зачудува приказната објавена во реномираниот весник „Марка“ во која е наречен „модерниот Робин Худ на кого публиката мора да биде наклонета“.

„Реално е Ѓоковиќ, поради сѐ што прави надвор од теренот, да биде наречен модерен Робин Худ. Тој е претседател на здружението на тенисерите, кои го обожуваат, особено понискорангираните, на кои им обезбеди помош од по 8.000 евра за време на паузата поради пандемијата со коронавирусот. Речиси во секоја соблекувална може да се случне став дека тој повеќе сака да им помогне на другите, отколку на себе. Тој истовремено се нафати да се избори за поголеми награди за тенисерите кои испаѓаат во првите кола на турнирите, па дури се понуди сам, од сопствен џеб, да ги плати трошоците на адвокатите“, се вели, меѓу другото во написот на „Марка“.

Во текстот се споменува и хуманитарната работа на Ѓоковиќ, како и неговите несебични донации на болници од Србија и Италија за време на светската криза со болеста Ковид-19.

Коронавирус