понеделник, 23. април 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нова спортска трагедија: Велосипедист почина за време на трка (ВИДЕО)

Нова спортска трагедија: Велосипедист почина за време на трка (ВИДЕО)

Белгискиот велосипедист Мишел Гулертс почина на 23-годишна возраст од срцев удар за време на трката Париз-Рубе.

Гулертс паднал по 110 извозени километри од 237 километри долгата трка. Тој бил во бессознание кога пристигнале лекарските служби, а по првите обиди за реанимација покрај патеката велосипедистот со хеликоптер бил префрлен во болница.

– Со незмерна тага мораме да соопштиме за смртта на нашиот велосипедист и пријател, кој  почина во болницата во Лил опкружен од членовите на семејството. Лекарите сторија се што беше во нивна моќ да го спасат, информираше неговиот тим Веранда.

Трката продолжи и на крајот победи светскиот првак Петер Саган.