четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 149
home Останати спортови

Нов проблем во Ф1: И Хунгароринг пред откажување?

Нов проблем во Ф1: И Хунгароринг пред откажување?

Иако веќе најавија дека новата сезона во Формула 1 ќе почне најверојато со гранпрото во Австрија и со тоа почека ќе се тргне во новата сезона, уште една трка од „октанскиот циркус“ сега е пред откажување.

Станува збор за Големата награда на Унгарија на култниот „Хунгароринг“, а проблемот искрсна откако Унгарија забрани секакви јавни настани на кои има над 500 луѓе до 15 август. Трката на Хунгароринг треба да се води според првичниот календат на 2 август, па сега има две опции за оваа трка во Ф1. Првата комплетно да се откаже трката, а втората да биде поместена за после 15 август.

Од Унгарија пред една недела објавија дека трката сигурно ќе се одржи, дека ќе се вози пред празни трибини, но новата одлука им ги помрси сметките на организаторите, зашто над 500 луѓе секако ќе бидат вклучени во тоа гран-при, од луѓето во тимовите, преку организацијата, стујардите… И сето тоа се коси со уредбата на Владата на Виктор Орбан.

Засега поверојатно е дека трката ќе биде поместена за некој термин после 15 август, а досега во сезоната која не ни започна, откажани се десет трки или половина од предвидениот календар. Засега во најава е старт на сезоната во Австрија, која веќе полека ги намалува ригорозните мерки и трката треба да се вози на 12 јули, а во Ф1 моментно работат на календарот како потоа би се возел останатиот дел од сезоната, која веќе извесно е дека ако продолжи ќе трае до декември, а можеби и јануари догодина.

Коронавирус