среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нокаут во втора рунда: Синот на Аркан и Цеца на пат да стане европски шампион

Нокаут во втора рунда: Синот на Аркан и Цеца на пат да стане европски шампион

Синот на Цеца и Аркан вчеравечер повторно по деветти пат влезе во профи рингот. Тој во Белград боксуваше против четири години постариот Украинец Денис Козаков (27), кој пет години е професионалец и има скор од седум победи (пет нокаути) и девет порази.

Борбата се одржа на Нов Белград, а беше директно пренесувана на ТВ Арена Спорт.

Во четвртокот, пред вообичаеното мерење, Вељко изјави:

– Верувам дека Украинецот ќе издржи максимално две-три рунди пред да го забележам мојот деветти триумф. Козаков ќе биде само уште една цртка на мојот пат до титулата европски шампион.

И тоа навистина се исполни, синот на Аркан победи уште во втората рунда со нокаут, и отиде во прегратките на својата сакана Богдана.

Коронавирус