сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ништо ново во Ф1: И натаму доминира Хамилтон!

Ништо ново во Ф1: И натаму доминира Хамилтон!

Се вратија возбудувањата во „најбрзиот циркус на светот“, на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Австрија најбрзо време имаше Луис Хамилтон, додека втор беше Валтери Ботас.

Првите болиди кои се појавија на патеката во новата сезона беа возачите на Мекларен, Ландо Нориси Карлос Саинс.

На почетокот најбрзи времиња имаа возачите на Рено, а после половина час тренинг дуото на Мерцедес, Ботас па Хамилтон имаа најбрзи кругови.

Потоа и Ленс Строл имаше добар круг, како и Себастијан Фетел, но после час време тренинг повторно на врвот се вратија Ботас, а потоа и Хамилтон.

На третото место се најде Ферстапен, четврти Саинс. Шарл Леклер заврши дури на 19 позицијата и тоа на средни тврди гуми, додека Фетел на 12 место.

Коронавирус