понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Останати спортови

Нгану го совлада Миочиќ и му ја презеде светската круна

Нгану го совлада Миочиќ и му ја презеде светската круна

Светот доби нов шампион во тешка категорија во УФЦ. Камерунецот Френсис Нгану дојде до појасот во оваа категорија, откако во реваншот го прегази Стипе Миочиќ, досегашниот првак.

Американецот со хрватско потекло Миочиќ пред три години го победи Нгану на поени во пет рунди.

Од првата до последната секунда од мечот Нгану доминираше, го погодуваше Миочиќ од сите позиции уште во првата рунда и малку недостасуваше судијата да ја прекине борбата уште тогаш.

Со ова, Френсис Нгану стана првиот африкански шампион во УФЦ, а својот скор го поправи на 16:3. Додека Миочиќ по мечот заврши во болница, не можеше да дојде на прес-конференцијата, Камерунецот најави нов меч и тоа против Џо Џонс. Ова е втор пат за Хрватот кој се натпреварува под американско знаме да го губи појасот, првиот пат подобар од него беше Даниел Кормие.

Локални избори 2021