вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Останати спортови

Неверојатен подвиг на Хасан, падна на 300 метри до целта, но стана и победи на трката (Видео)

Неверојатен подвиг на Хасан, падна на 300 метри до целта, но стана и победи на трката (Видео)

Упорноста и пожртвуваноста често пати знаат да донесат поволни резултати за спортистите кои се појавуваат на борилиштата во сите можни спортови.

Дека тоа е така потврди и холандската тркачка, Сифан Хасан, која на квалификациската трка на 1500 метри доживеа пех на 350 метри до крајот, меѓутоа не се откажа.

Хасан и покрај падот успеа да се подигне и да ја продолжи трката, а на крајот излезе и како победник со време од 4:05.17 со што се пласираше во полуфиналето кое е закажано за 4. август.

Хасан е една од фаворитките за освојување на златото во 1500 метри, а ја има фаворитската улога и на другите долги трки од 5.000 метри и 10.000 метри.

Сифан Хасан е типичен пример како треба да се однесува секој спортист, за разлика од Шерика Џексон која поради глупост и потценување на противниците не успеа да се пласира во финалето на трката на 200 метри.

Коронавирус