сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 105
home Останати спортови

Невакцинираните тенисери ќе може да играат на Австралија опен

Невакцинираните тенисери ќе може да играат на Австралија опен

ВТА со писмо ги информираше играчите за условите под кои ќе можат да дојдат на Австралија опен 2022, објави новинарот Бен Ротенберг.

Во писмото се вели дека сите играчи мора да приложат негативен тест за коронавирус најмногу 72 часа пред поаѓање во Австралија, а потоа уште еден во рок од 24 часа по пристигнувањето.

Целосно вакцинираните играчи после тоа не подлежат на никакви ограничувања. Од играчите кои нема д абидат вакцинирани ќе се бара да поминат двонеделен карантин во хотелот, а потоа редовно да се тестираат. Не е наведено дали ќе можат да тренираат додека се во изолација.

Сепак, се остава можност, во зависност од актуелната ситуација со пандемијата, овие услови да можат да се променат.

Коронавирус