понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нема место за талентираниот син на Шумахер

Нема место за талентираниот син на Шумахер

Шефот на Мерцедес, Тото Волф откри дека „сребрените стрели“ размислувале да го привлечат Мик Шумахер во нивната академија, но на крајот не нашле место за него. Минатата година, Шумахер Џуниор ја освои титулата во Формула 3 и се пресели во Формула 2, а во меѓувреме и стана дел од програмата на млади пилоти на Ферари.

-Размислувавме да го регрутираме Мик, но како да го сториме тоа? Веќе се бориме да најдеме место во Формула 1 за Џорџ Расел и Естебан Окон. Мик е добро момче. Тој има карактер. Тој порасна многу во Формула 3 и Формула 2, и сигурен сум дека кога ќе дојде време тој ќе настапи добро во Формула 1, изјави Волф за италијанскиот весник „Газета Дело Спорт“.

Синот на легендарниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер се бори со својата адаптација во Формула 2, но во Унгарија ја освои својата деби-победа, што може да ја промени неговата сезона во втората половина.