сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 34
home Останати спортови

Нема да ви се верува колкава сума на пари Ѓоковиќ изгуби по дисквалификацијата од УС Опен

Нема да ви се верува колкава сума на пари Ѓоковиќ изгуби по дисквалификацијата од УС Опен

Според правилата на УС Опен, бидејќи беше дисквалификуван, Новак Ѓоковиќ (Србија) нема да добие чек за 250.000 долари што го добива секој од учесниците во четвртото коло.

Најдобриот тенисер во светот беше дополнително казнет и со 10.000 долари за „неспортско однесување“.

Сепак, оваа сума, колку и да е голема, не е најголемиот губиток на Србинот на овогодинешниот УС Опен, бидејќи тој ја пропушти можноста да ја намали разликата во бројот на Гренд слем титули зад ривалите Роџер Федерер и Рафаел Надал. (МИА)

Коронавирус