сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нема да го носи македонското знаме на ОИ: Македонската олимпијка во џудо во делумна изолација

Нема да го носи македонското знаме на ОИ: Македонската олимпијка во џудо во делумна изолација

Македонската олимпијка во џудо, Арбреша Реџепи, е во делумна изолација по близок контакт со заразено лице со коронавирус на летот кон Токио и нема да го носи македонското знаме на утрешното свечено отворање на Игрите во Токио.

Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри требаше да го носат Реџепи и таеквондистот Дејан Георгиевски, но, Реџепи ќе ја пропушти церемонијата.

– Поради близок контакт со заразено лице со Ковид-19 на летот од Франкфурт до Токио, македонската џудистка се наоѓа во делумна изолација и поради правилата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето на Игрите, соопшти Македонскиот олимписки комитет.

Реџепи, како што се наведува во соопштението, сепак, продолжува со редовните тренинзи и ќе има право на настап на олимпискиот џудо турнир.

Коронавирус