среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Останати спортови

Неколку причини зошто пешачењето во природа е добро за вашето здравје

Неколку причини зошто пешачењето во природа е добро за вашето здравје

Пешачењето е една од најдобрите работи што може да ги направиме за нашето тело. Доколку пешачите еден час може да потрошите 400 калории и да го обликувате целото тело, но пешачењето влијае и на менталното здравје.

Во продолжение прочитајте за што сè е добро пешачењето.

Обликување на нозете

Без разлика дали шетате во планина или на кеј, пешачењето е одличен тренинг за нозете.

Зајакнување на стомачните мускули

Пешачење по стаза на која мора да внимавате на лисјето и гранчињата ги активира стомачните мускули бидејќи се трудите да останете исправени дури и кога носите ранец. На овој начин може да изгубите и до 800 калории.

Ако се занимавате со друг вид на тренинг, на пример со велосипедизам или аеробик, пешачењето ќе ви дојде како одмор за телото.

Позитивно влијание на работата на срцето

Планинарењето е совршена вежба за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Дури и кратката прошетка во шума ќе влијае врз здравјето на срцето, го намалувате ризикот од висок крвен притисок, шеќер во крвта и холестеролот.

Намалување на стресот

Направени се многубројни истражувања кои докажаа дека поминатото време во природа го подобрува менталното здравје. Ќе ја намалите количината на стрес и ќе се чувствувате многу подобро.

Одмор од технологијата

Оставете го телефонот во џеб и уживајте во природата. Планинарењето ќе ви помогне да сфатите што е она што вреди во животот, а тука секако не спаѓа времето минато во скролање на социјалните мрежи.

Коронавирус