недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Некогаш голгетер, а сега боксер: Торес ги облече ракавиците (ВИДЕО)

Некогаш голгетер, а сега боксер: Торес ги облече ракавиците (ВИДЕО)

Фернандо Торес покажа дека е во одлична форма откако пред две години се прости од професионалниот фудбал.

Спортот остана дел од животот на Торес, за што сведочи и спектакуларната промена во неговиот физички изглед откако тој започна редовно да оди во теретана и да се занимава со бокс.

Торес го смени начинот на исхрана, се посвети на тренинзи во теретана, но и на бокс. Поголемиот дел од времето го поминува со Серхио Маравилја Мартинез и Омар Монтес.

Легендарниот Шпанец се проба во бокс на еден од тренинзите, но не е познато како заврши неговата борба. Сепак, не е исклучена можноста наскоро да го видиме во рингот.

ЕУРО 2020

Македонија