понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 56
home Останати спортови

Не се фокусирајте само на грбот и бицепсите: Вежби за цврсти и мускулести нозе

Не се фокусирајте само на грбот и бицепсите: Вежби за цврсти и мускулести нозе

Мажите кои сакаат да оформат мускулесто тело многу често се фокусираат на „набивање“ грбни и градни мускули и опасни бицепси, па често забораваат да обрнат внимание и на мускулите на нозете.

Освен што естетски нема да изгледате привлечно со развиен горен дел и слабички нозе, зацврстувањето на нозете е важно за правилно изведување на сите други вежби, за добар баланс и за поголема издржливост.

Со овие вежби на инструкторот Даниел од FitnessFAQs, за кои не ви требат справи и тегови, ќе извајате прекрасни мускули на нозете и ќе изгледате одлично и складно.