вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 72
home Останати спортови

Не сакам веќе да страдам: Светската шампионка потпиша документи за еутаназија (ФОТО)

Не сакам веќе да страдам: Светската шампионка потпиша документи за еутаназија (ФОТО)

Марике Верворт ги живее последните денови од животот. Белгиската параолимпијка и светска шампионка на 100 метри ги потпиша документите за еутаназија и во очекување е на постапката.

-Не можам повеќе да се мачам. Депресијата е се посилна. Никогаш не сум била ваква. Постојано плачам. Ако постои Господ, тој е лошо момче бидејќи вака ме казнува“, изјави Верворт за британски „Телеграф“ додавајќи дека видот константно ѝ слабее, од ден во ден се чувствува се полошо, има несвестици, не може да јаде и болките се неподносливи.

Верворт од најрана возраст се занимава со спорт. Почна со кошарка, со триатлон и со нуркање. Потоа се појави болеста што во прво време беше мистериозна и се манифестираше само на петиците. Но, многу скоро настапи парализа поради деформација меѓу петтиот и шестиот ршлен во ‘рбетниот столб.

-Сите мислеа дека сум цврста како карпа, но никој не знаеше што се случува“, коментира Белгијката.

На параолимписките игри во Лондон во 2012 година Марике освои злато во трката на 100 метри и сребро на двојно подолгата делница. Сега е во нејзиниот дом во Брисел каде ќе ги мине божиќните празници по што ќе биде извршена и еутаназијата, чин на кој нема да присуствуваат родителите.

Коронавирус