сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 56
home Останати спортови

Навивачите со петиција бараат Раиконен да остане во Ферари

Навивачите со петиција бараат Раиконен да остане во Ферари

Над 75.000 навивачи се потпишаа на петицијата со која се бара од Ферари да го задржи возачот Кими Раиконен уште една година во својот тим.

Во петицијата се потенцира дека не постои оправдување за отказот на финскиот возач, кој во 2007 година беше светски шампион.

И покрај големиот одѕив, малите се шансите тој да повлијае врз одлуките на раководството на Ферари, особено откако од италијанскиот клуб го посочија младиот возач Шарл Леклер за негов наследник.

Раиконен во октомври ќе наполни 39 години и во моментов е највозрасниот активен возач во Формула 1. (МИА)