понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Научно докажано: Овие навики и вежби се добри за мозокот

Научно докажано: Овие навики и вежби се добри за мозокот

Сите знаеме дека вежбањето е одлично за психофизичкото здравје, но тим научници тврдат дека е добро и за нашиот мозок.

Ново истражување на научници од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего покажува дека некои здрави навики силно влијаат на мозокот. Трчањето и пешачењето во природа или изведувањето други аеробни активности како танцување или кикбокс всушност ја подобруваат работата на мозокот и ги подобруваат моторичките способности.

Резултатите од истражувањето дополнително нагласуваат колкава е важноста на создавање здрави навики дури и во домот. Исклучително е добро секојдневно да вежбате, бидејќи тоа не влијае само на психофизичкото здравје туку и на подобро функционирање на мозокот.

За луѓето кои би сакале да ги подобрат моторичките способности, паметењето, фокусираноста и продуктивноста, би било корисно секојдневно да изведуваат аеробни вежби, како шетање, трчање, танцување или активности како јога, пилатес и слично.

Научниците порачуваат дека многу од нив може да се изведуваат дома или во природа.

Коронавирус