понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 36
home Останати спортови

Најубавата атлетичарка во Европа ќе биде главна ѕвезда на тимското ЕП во Скопје!

Најубавата атлетичарка во Европа ќе биде главна ѕвезда на тимското ЕП во Скопје!

Претстојниот викенд ќе понуди посебно задоволство за сите вљубеници во атлетиката и спортот кај нас со оглед што Македонија е е организатор на третолигашкото Европско првенство (ЕП), на кое се очекува настап на преку 430 натпреварувачи од 14 земји.

Улогата на фаворит ќе ја има репрезентацијата на Србија, која ќе биде предводена од најдобрата атлетичарка на сите времиња, Ивана Шпановиќ (скок во далечина).

Станува збор за актуелен европски шампион во сала, која може да се пофали со две бронзени медали од СП 2013 и 2015, како и бронза од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Македонската атлетика, пак, најголеми надежи полага на настапот на Јован Стојоски, Дрита Ислами и Дарио Ивановски.

„Ова е настан кој очекуваме да најави нов почеток во атлетиката кај нас, односно можност да ја вратиме атлетиката онаму каде припаѓа – на врвот на спортовите“, изјави новиот претседател на атлетската федерација Александра Војнеска-Зикова.

Таа додаде дека ќе стори максимум во организацискиот дел, со што ќе го оправдаме статусот на рамноправен партнер на Европската атлетска федерација. Натпреварите стартуваат во сабота попладне, а влезот е слободен и двата дена.

ИЗВОР:СПОРТ1