вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 158
home Останати спортови

Најмладата македонска олимпијка заврши на 40-то место

Најмладата македонска олимпијка заврши на 40-то место

Најмладата македонска олимпијка Миа Блажевска Еминова победи во својата квалификациска група на 100 метри слободно на Олимписките игри во Токио, но не се пласираше во полуфиналето и во конечниот поредок беше 40 во конкуренција на 52 пливачки.

Петнаесетгодишната пливачка на скопскиот клуб Орион исплива време од 57 секунди и 19 стотинки, со што не го подобри својот личен рекорд.

Најдоброто време во квалификациите го оствари Ема Меккион од 52 секунди и 13 стотинки.

Коронавирус