понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Најдобри и најбезбедни вежби за трудници

Најдобри и најбезбедни вежби за трудници

Болки во грбот и несоница се само некои од симптомите во бременоста кои можат да се ублажат со вежбање. Вежбањето во бременоста има многу предности за вас и за вашето бебе. Ќе бидете многу посреќни и порасположени и полесно ќе закрепнете по породувањето.

И вашето бебе ќе биде многу посреќно. Овие вежби се безбедни за сите бремени жени.

Колку време може да вежбате во текот на бременоста?

Научниците сметаат дека трудниците треба да вежбааат барем 30 минути дневно.

Во 30-минутно вежбање се вбројува и пешачење, чистење со правосмукалка и 15 минути работа без напор во градината.

Вежби кои се препорачуваат

Пливање

Пливањето и аеробик во вода е совршен тренинг во бременоста. Во вода тежите помалку отколку на копно па ќе се чувствувате полесно. Со помош на пливањето ќе ги ублажите болките во грбот и откот во нозете. Не треба да нуркате или скокате во вода.

Пешачење

Овој вид на вежбање може да го вклопите во секојдневниот живот и може да пешачите сè до датумот за породување.

Јога

Во многу градови постојат часови за јога или пилатес за трудници, каде вежбите се прилагодени на промените во телото и подготвување на мускулите за породување.

ЕУРО 2020

Македонија