петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 119
home Останати спортови

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка

Џудо федерацијата на Македонија на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и додели награда почесен црн појас 1 дан.

-Признанието се доделува за 4-годишната посветеност на амбасадорката за развивање и ангажираност на џудо спортот во Македонија.  Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, соопштија од федерацијата.

Амбасадорката Кеико Ханеда изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо спортистите од Македонија и Јапонија.

Истакна дека во изминатите години во нејзиниот ангажман секогаш го поддржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период.

Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална поддршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија.

Коронавирус